| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава ноќ во Кочани, го избоделе со нож

Во 22 часот и 20 минути синоќа на улицата „Јане Сандански“ во Кочани, настанала вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу 37-годишниот В.А. и 33-годишниот А.Д. од една страна и 58-годишниот Л.А. сите од Кочани.

В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото. В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде бил препратен во Клинички центар Скопје, а Л.А. и А.Д. биле приведени во Полициска станица Кочани.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top