| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги посети духовните светилишта на Македонците во Велес (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во друштво на сопругата Боркица го посети Велес за да присуствува на осветувањето на новиот храм „Св. Кирил И Методиј“. Со литургијата чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а присуствуваа многу велешани и верници од цела Македонија.

Во обраќањето владиката Агатангел се осврна и на градбата која има исклучително значење за градот Велес. Тој истакна дека храмот има уметничка, културна и духовна вредност, а речиси 85 осто е изграден од средствата кои своевремено државата ги врати на Повардарската епархија во форма на обврзници за денационализација.

Груевски со својата сопруга остатокот од денот го искористи и за посета на два мошне значајни храмови во Велес, црквите „Св. Пантелејмон“ и „Св. Димитрија“.

Црквата „Св. Пантелејмон“ е најголемата црква во Велес. Храмот е изграден во 1864 година. Изградена е во турско време, ја граделе познатиот градител од Папрадиште Андреја Дамјанов и неговите браќа.

Груевски ја посети и малку познатата манастирска црква „Св. Димитрија“ од 14 век. Во преданијата пишува дека кога се расчуло дека Османлиите планираат да го запалат манастирот, велешани го затрупале со земја и така го спасиле, но и го заборавиле. Долго време поминало додека да му се сони на еден човек дека не тоа место има манастир со црква и дека треба да се откопа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top