| четврток, 6 декември 2018 |

42. Струшка музичка есен

„Музиката и поединецот“ е темата на годинешното 42. издание на Струшка музичка есен кое ќе се одржи од 8-10 септември во хотелот „Дрим“ во Струга.
-Поаѓајки од постулатот дека индивидуата го поттикнува развојот на општеството, оваа година се насочуваме кон поединците кои го насочиле или измениле текот на развојот на музичката уметност и тоа од повеќе аспекти преку нивните продукти, процеси, дела. Повикавме автори чии трудови ќе се осврнат на делувањето на индивидуите кои извршиле одредени влијанија врз различните аспекти кои ја допираат музичката уметност, при тоа не ограничувајќи се само на прогресивните и позитивните креации, туку и на негативните влијанија, велат организаторите.

Од тој аспект би сакале да ги истражиме индивидуите кои покренале одредени процеси кои резултирале со нови или ретроградни дејствија во:

– музичкото образование
– музичката теорија и педагогија
– развојот на композиторската мисла
– творештвото
– интерпретацијата
– популаризацијата на музичката уметност
– музичката критика
– културната политика и музика
– развојот/стагнацијата и популаризацијата на музичките жанри
– континуитетот /дисконтинуитетот на музичките практики
– зачувувањето / уништувањето на музичкото културно наследство
– етномузикологијата/антропологијата
– етноорганологијата
– етнокореологијата
– медиевистиката
– медиумите и музиката

Како и секоја година, во рамки на конференцијата ќесе одбележат јубилеите на македонските творци и тоа: 80 години од раѓањето на композиторите Благој Цанев и Сотир Голабовски и на музичкиот писател Јелица Тодорчевска, 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот и музиколог Драгослав Ортаков, 70 години од раѓањето на композиторот Илија Пејовски и 60 години од раѓањето на музикологот Марко Коловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top