Македонската репрезентација одигра нерешено со Албанија на вечерашниот меч во Струмица, но ние можеме да жалиме што не дојдовме до трите бода со оглед на прикажаното на теренот и далеку подобрата игра од ривалот.
Албанија извлече бод во лоша игра, а Македонија може да жали за бројните пропуштени шанси. Селекторот на Македонија Игор Ангеловски го „прочита“ противничкиот Кристијан Панучи, меѓутоа, не успеа да ја впиша првата победа против Италијанецот.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, посочи дека неговите избраници заслужија да слават вечерва со Албанија (1:1) и фактот дека тажните лица на фудбалерите по ваков резултат го прават горд дека се желни за победа и дека нивниот менталитетот е победнички.
Ангеловски посочи дека најавил Македонија дека ќе го одигра најдобриот меч досега и дека тоа го сториле неговите избраници, а во иднина се очекува да бидат уште подобри.
-Честитки на фудбалерите за играта, за буквално се што направија во овие денешни 90 минути. За жал не успеавме да победиме, иако имавме шанси за тоа. Албанија од еден шут ни даде гол, потоа успеавме да се вративме, но кога вкупно се ќе се земе, а тоа е дека противничкиот голман е играч на мечот. Во фудбалот меч се добива кога ќе дадеш голови, а за жал ние дадовме само еден. Жалам што не освоивме три бода. Кога по завршување на меч на кој ќе одиграш 1:1 со учесник на последното ЕП, ќе ги видиш нашите играчи дека се тажни, а тоа се кажува се. Ме радува тоа што офанзивниот пристап го применуваме на на секој меч и така мораме да продолжиме. Имаме голем потенцијал,освоивме четири бода од два тешки меча. Се боревме за трето место, сега сме на два бода од четвртото место. Реков дека Македонија ќе го одигра најдобриот меч и тоа го направивме. Одиме од меч во меч се подобро. Тоа ме радува, ме радува и што излегуваме од ситуацијата во која беше репрезентативниот фудбал. Јас мислам дека за брзо време ќе го вратиме репрезентативниот фудбал таму каде што му е местото. Во ваква исклучително тешка група, Македонија да биде конкурентна со сите, да имаме барем еднаков број на можности како противникот, требаше да имаме повеќе бодови. Ние мора да го негуваме тој офанзивен стил. Кога и да е среќата ќе се сврти на наша страна. Ако продолжиме вака, ќе има и подобри резултати, изјави Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст