| четврток, 6 декември 2018 |

Кисела Вода ќе им го зададе финалниот удар на оние кои ја уништуваат државата (ФОТО)

Општинскиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода одржа состанок во позитивна атмосфера, а во сигурна победа на локалните избори се убедени и претседателот на ОК, но и граѓаните и симпатиздрите на партијата.

Време е Кисела Вода да ја направи најголемата разлика, беше порачано вечерва на состанок на Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа скопска општина, Орце Ѓорѓиевски порача дека на локалните избори закажани за 15 октомври треба да им се зададе финалниот удар на оние кои ја уништуваат државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top