| четврток, 6 декември 2018 |

Повредено тримесечно бебе откако комбе влета во кабина на патарината кај Глумово

Три месечно бебе и четворица возрасни се повредени во сообраќајката кај патарината кај селото Глумово.

Комбе со скопски регистарски ознаки, со голема брзина најпрво удрило во кабина за наплата, а потоа во автомобил во кој имало 5 државјани на Албанија, а меѓу нив и 3 месечно бебе.

Сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Вработен на патарината на автопатот Тетово – Скопје рече дека комбето не успеало да застане и по ударот во кабината, повреден е и еден од вработените на патарината, но според него, колегата е надвор од животна опасност.

Полиција дошла на местото на настанот за да изврши вештачење, но според неофицијални информации, на комбето не му функционирале сопирачките, бидејќи на асфалтот нема траги од кочење.

Несреќата се случила околу 13 часот, а од полицијата велат се очекуваат повеќе официјални детали како дошло до несреќата.

Извор: Инфоцентар.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top