| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ објави нови кандидати за градоначалници: Шилегов против Трајановски во трка за Скопје

СДСМ денеска ги соопшти кандидатите за градоначалници за локалните избори 2017 година во триесетина општини. За Градот Скопје го предлага Петре Шилегов.

За кандидати за скопските општини ги предлага Златко Марин во Аеродром, Велимир Смилевски во Бутел, Борче Георгиевски во Гази Баба, Александар Наумоски во Ѓорче Петров, Стефан Богоев во Карпош и Филип Темелковски во општина Кисела Вода.

Во останатите општини во Македонија, кандидат на СДСМ за општина Арачиново ќе биде Миликије Халими, во Богданци – Блашко Шапов, Брвеница – Мирко Стојановски, Валандово – Перо Костадинов, Вевчани– Сашо Јанкоски, Виница – Ивица Димитров, Демир Капија – Лазар Петров, Зелениково Борче Гиевски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Карбинци – Јордан Насев, Конче – Благој Илиев, Кривогаштани – Рубично Шефтеровски, Крушево– Томе Христоски, Могила – Јасмина Гулевска, Новаци – Љубе Кузмановски, Ново Село – Боро Стојчев, Охрид – Јован Стојановски, Пехчево –Драган Тренчевски, Пласница – Шпресим Ајроски, Свети Николе – Сашо Велковски, Сопиште – Далибор Богдановски, Чашка – Горан Стојановски и за општина Штип – Благој Бочварски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top