Денеска завршува распустот за учениците. Од утре во новата учебна година 2017/2018 во училишните клупи ќе седнат над 20.437 првачиња.
Средното образование ќе го почнат 17.131 ученик. Според податоците секоја година се намалува бројот на учениците во основните училишта. Државниот завод за статистика излезе со податок дека на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7 процент во однос на претходната учебна година. Долгорочната тенденција е застрашувачка: за 10 години бројот на ученици во основните училишта низ Македонија е намален за повеќе од 45 илјади ученици. Министерката за образование, Рената Дескоска, ги повикa наставниците и професорите да се вклучат во лоцирањето на грешки во учебниците.
Минатата недела бил испратен допис до сите училишта и креирана е апликација преку која наставниците и професорите од сите училишта се поканети да укажат на грешки и проблеми во учебниците. Министерката во јуни годинава најави ревизија на учебниците на сите нивоа на образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст