„Изградбата на клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, кој ВМРО-ДПМНЕ требаше да го гради и за кој подготви проект и изнајде средства, чини 72 милиони евра. За Овој проект беше потпишан и договор за изградба, но за жал поради неспособноста на владата на СДС тој се уште не е почнат.
СДС не само што блокира готови проекти, туку и безмилосно троши народни пари, а зад себе нема никаква реализација. Тие за три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши над 320 милиони евра, пари со кои можеше да се изградат речиси 5 други слични клинички комплекси низ 5 различни региони во Македонија и на тој начин да се издигне здравството на повисоко рамниште. Со тие пари граѓаните од цела Македонија ќе имаа подобра здравстена заштита, а медицинските работници подобри услови за работа.
За жал ниту има нов објект на клинички центар во Скопје, ниту има 5 слични клинички објекти во различни региони во Македонија, ниту пак народот виде фајде од расипничкото задолжување и трошење на девизните резерви.
Парите едноставно завршија за набавки на мебел, опрема, луксузи, цвеќиња, лешници, морски плодови, партиски вработувања и дебели хонорари за шарени револуционери. Ваквото неодговорно трошење на парите сериозно ја загрозува Македонија. Ако вака работат во првите три месеци, тогаш многу скоро ќе ја доведат државата до банкрот, а граѓаните до питачки стап.
Заради вакво неодговорно и неспособно раководење со државата Зоран Заев и СДС на 15-ти октомври од граѓаните ќе бидaт казнети и ќе доживеат катастрофален пораз, што ќе биде јасна порака од народот до нив и нивната деструктивна и недомаќинска работа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст