Земјотрес со интензитет од 5,2 степена по Рихтеровата скала е регистриран во Северна Кореја и тоа сугерира дека армијата извршила нуклеарна проба.
Американскиот геолошки институт соопшти дека потресот е регистриран на 55 км северозападно од Кимчаек. Неодамнешнен потрес во тој регион беше предизвикан од нуклеарни тестови.
И кинеските власти соопштија за нов регистриран земјотрес во Северна Кореја од 4,6 степени по Рихтер по првичниот од 6,3 степени. Во соопштение се наведува дека вториот потрес бил регистриран на површина на земјата само осум минути по првиот кој како што се наведува е „сомнителна експлозија“. Координатите на двата земјотреса се речиси идентични, наведуваат кинеските власти.
Севернокорејските власти соопштија денеска дека рзвиле уште понапредно нуклеарно оружје со „голема моќ за деструкција“, хидрогенска бомба што може да се стави на нова интерконтинентална балистичка ракета.
Според севернокорејски медиуми, лидерот на државата Ким Џонг-ун „лично извршил увид за таа хидрогенска бомба“. Моќноста на хидрогенската бомба може да биде стотици килотони и може да се детонира на голема надморска висина. Направена е од сопствени капацитети и тоа овозможува државата да изработи колку што сака нуклеарно оружје, јави КЦНА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст