| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во Црешево: Освен улиците кои беа оштетени од невремето, се асфалтираат и други

Го посетив населеното место Црешево, општина Гази Баба. Ова место беше едно од погодените во минатогодишното големо невреме. Таму се асфалтирани пристапните патишта, исто како и во останатите населени места кои беа погодени од невремето, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на Гази Баба.

-Од планираните патишта се асфалтирани околу 75 до 80% и ова ќе продолжи се до конечно завршување на работите. Ветивме и остваруваме. Освен улиците кои беа оштетени од невремето се асфалтираат и многу други за кои проценивме дека има потреба, напиша Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top