| четврток, 6 декември 2018 |

По петти пат ограбена „Бет сити Балкан“

Спортската обложилница „Бет сити Балкан“ не престанува да биде мета на разбојниците. Сега е ограбена таа во Прилеп.

Полицијата јави дека во времето од 23 до 9.30 часот, во Прилеп, на улица Борка Талески, во спортската обложувалница „Бет сити Балкан“ непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел сеф во кој имало околу 100.000 денари. Сторителот ја извршил кражбата  откако претходно преку соседниот објект направил отвор во ѕидот и влегол во обложилницата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top