Прекумерното консумирање на сол е поврзано со двојно поголем ризик од срцева слабост, предупредуваат фински специјалисти, цитирани од „Дејли експрес“.
При срцева слабост, срцето не е во можност да пумпа доволно количество крв за задоволување на потребите на организмот. Најчестите причини за состојбата се инфаркт, висок крвен притисок, кардиомиопатија. Карактеристичните симптоми се немање воздух по извршување на одредена активност и дури после одмор, чувство на замор во текот на поголемиот дел од времето, отекување на нозете и глуждовите.
Според авторите на оваа студија од Националниот институт за здравје и социјална заштита во Хелсинки, прекумерниот внес на сол е поврзан со двојно поголем ризик од срцева слабост. Истражувањето опфатило над 4.000 лица, набљудувани во текот на 12 години, е претставена на конгресот на Европското друштво за кардиологија во Барселона, Шпанија.
Истражувачите откриле дека луѓето кои употребуваат 13,7 грама сол дневно, се изложени на двојно поголем ризик од срцева слабост во споредба со оние кои конзумираат под 6,8 грама на ден.
„Зголемениот внес на сол е една од главните причини за висок крвен притисок и е независен фактор на ризик за коронарни болести на срцето и мозочен удар. Срцевата слабост е меѓу водечките кардиоваскуларни заболувања во Европа и светот, но улогата на потрошувачката на сол во неговиот развој е недоволно добро истражена“, објаснуваат истражувачите.
Експертите сметаат дека луѓето не треба да консумираат повеќе од 6 грама сол дневно – еквивалент на една лажичка.
„Срцето не ја сака солта. Зголемениот нејзин прием јасно ја зголемува опасноста од срцева слабост, откако при тоа се јавува независен ризичен фактор. Оптималната доза веројатно е под 6,8 грама. Светската здравствена организација препорачува максимум 5 грама дневно. Физиолошка потреба е помеѓу 2 и 3 грама на ден“, дополнуваат експертите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.