Последниот суд за Христовото распнување го дал народот. Целата постапка започната во Синедрионот, испрашувањето во римската управа, завршува кога римскиот гувернер Пилат ја дал последната шанса и го прашал насобраниот народ: дали да го ослободи Христос или да биде распнат. Навладеале извиците на оние кои поведени од фарисејскиот авторитет ќе викаат „Распни го! Распни го!“. Со тоа е донесена пресудата и започнува извршувањето. Скоро сигурно добар дел истите луѓе кои викале „Распни го!“, ден пред тоа, при влегувањето на Богочовекот во Ерусалим, тогаш по слободна волја му постилале цвеќиња пред Него и викале: „Осана во висините, слава на Оној кој иде во Божјо име“.
Ете каков е архетипот на изневерувањето на доброто и како се зема удел во судбински грев – доносител на пропаст. Заради доброволно потпаѓање под лажните фарисејски авторитети. Заради свесно самозалажување со нечии комформистички лаги. Кога не се постапува по своја слободна волја, туку се прифаќа она кое друг во ум го наметнува. Заради моментално и привремено ослободување од блефирачките нападни притисоци се избира краток мир од притисокот платен со прифаќањето вистината да биде распнатa Така било секогаш, така е и сега – се вели во соопштението на Тврдокорни.
Според се распнува Македонија.
-Се токмат за завршницата во убивањето на македонската личност. Планираат да не одродат и да не претопат.
Но што ќе се случи, одлучувачкото прашање е НА КОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕШ ТИ!? Ќе стоиш настрана додека партиските фарисеи ја распродаваат Македонија? Дали со молк ќе дозволиш да надвладеат извиците на малцинството, но кои многу гласно викаат „Распнете ја Македонија!“!? Дали до самото крајно уништување на македонскиот народ ќе им веруваш на лагите од лажните авторитети!? Гувернерот Пилат од запад ќе ги испери рацете од крвта за ти со твојата индиферентност да го сносиш гревот за пропаста на Македонија – стои во повикот за протест наредната сабота,
2 септември, кога, како што велат треба да ја искористиш шансата да покажеш на која страна си и ГЛАСНО ЌЕ ПОМОГНЕШ да надвладеат извиците „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!“, „МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!“
Според нив сите отпаднаа, сите институции потфрлија.
Дојдовме до последната линија на отпорот. Искористи ја в сабота оваа шанса. Македонија да е вечна. Бидејќи без твоја согласност нескршливото не може да биде скршено и непобедливото не може да биде победено. Во сабота 2 Септември Соборен Храм Св. Климент Охридски во 17 часот, марш за сите заедно да викнеме громогласно и сите на сите страни да СЛУШНАТ – МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст