| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во Италија, има мртви, срушена е и црква

Една жена загина, а неколкумина се повредени во земјотресот кој го погоди популарниот туристички италијански остров Искија.

Агенцијата Анса јавува дека една жена загинала во местото Казамикола, каде што биле срушени шест згради, како и една црква.

„Ројтерс“ пренесува дека неколкумина се повредни, а има и исчезнати.

Како што се наведува евакуирана била и болницата која се наоѓа на островот.

Земјотресот бил со јачина од 3,6 степени според Рихтер, а бил регистриран неколку минути пред 21 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top