| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата идентификува тројца осомничени за нападите во Барселона и Камбрилс

Шпанската полиција синоќа ги соопшти имињата на осомничените Мароканци за нападите изведени во Барселона и Камбрилс, во кои 14 лица го загубија животот и повеќе од 100 беа повредени.

Каталонската регионална полиција идентификува тројца осомничени Мароканци – Муса Укабир (17), Саид Аала (18), и Мохамед Хишами (24), пренесоа француските меидуми.

Полиција, исто така, соопшти дека трага по четвртиот осомничен, Јунес Абујакуб (22).

Како што претходно јави шпанскиот весник „Ла Вангардија“, тројцата осомничени живееле во Риполи, град со 10.000 жители, одалечен околу 100 километри од Барселона, додека четвртиот осомничен бил од каталонскиот град Рибес де Фресер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top