| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е Спасе Вељнов, ладнокрвниот убиец од Велес?

Кога се врати беше чуден, сите ги избегнуваше. Ова не е прв инцидент. Се зборуваше дека во Градската библиотека врзал момче за стол. Го малтретирал и го тепал. Но, го пуштија

Настрешница во дворот на Најдови е причината за масакрот во Велес. Соседот Спасе Вељанов не нашол доблест во себе иако Најдови се подгготввуале за свадба и настрешницата била дел од подготовките за пречек на сватвовите.

-Пред два дена, врнеше вечерта, околу половина час, не повеќе. Му капела настрешницата во дворот и тоа му сметало. Претходно проблем беше еден потпорен ѕид поради кој имаше нетрпеливости. Ама тоа е изговор. Најдови се инаку многу мирна и културна фамилија, вели близок пријател.

Кој е всушност Спасе Вељанов кој преку ноќ стана најладнокрвниот убиец во Македонија?

По трагедијата која ја предизвика, тој објави фејсбук статус нарекувајќи ги своите жртви монструми. Тоа укажува дека бил целосно свесен за она што го напрвил. Од неговиот фејсбук профил може да се види дека е христијанин, патриот и русофил. Често објавувал текстови и видеа со руска содржина и вести поврзани со Путин. Љубител е на спортот, фудбалот и ракометот, како и на ловџиските кучиња.

Соседите од Велес зборуваат за него како за повлечен човек, кој со години живеел во Австралија. Кога се вратил, веќе не бил истиот.

-Кога се врати беше чуден, сите ги избегнуваше. Ова не е прв инцидент. Се зборуваше дека во Градската библиотека врзал момче за стол. Го малтретирал и го тепал. Но, го пуштија, велат соседите.

Потоа работел како обезбедување во хотел, но правел проблеми, па го отпуштиле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top