| четврток, 6 декември 2018 |

Како да знаеме дека сме ја сретнале сродната душа?

Сродна душа – идејата за некој близок, кој го чувствуваме како дел од себе, со кого го споделуваме животот и со кого ги надминуваме сите пречки, е меѓу соништата и целите на повеќето луѓе.

Дефиницијата за сродна душа звучи премногу клише и според концептот секогаш се поврзува со оној човек кој го дефинираме како „единствениот“.

Некои одбиваат да поверуваат дека тоа е само еден човек, бидејќи сметаат дека можеме да сретнеме многу такви и тоа неколку пати во својот живот, посебно ако овој термин не се сфаќа само во романтична смисла. Може да станува збор и за родители, браќа и сестри, најдобри пријатели, соседи или дури за непознати на улицата. Интересно е дека ние луѓето често забораваме какво е чувството кога ќе сретнеме сродна душа, а тоа не е секогаш толку среќно, како во филмовите и песните, објавува бугарски „Блиц“.

Сродните души се луѓето кои ќе бидат огледалото, кое го одразува нашето „голо“ себе си. Тие гледаат подлабоко во нашата душа. Тие ќе не разбудат од длабокиот сон за да ни покажат дека сме одбрале погрешен пат во својот живот. Тие ќе не натераат да сфатиме дека сме ги оставиле своите страсти, соништа и цели во животот. Дури и да сме преплашени, тие се оние кои ќе не туркаат надвор од зоната на удобност, едноставно затоа што знаат дека можеме да постигнеме повеќе од она што мислиме дека можеме.

Тие ќе не натераат да се соочиме со своите стравови и да ги победиме. Ќе ни го скршат срцето кога ќе ја кажат вистината за оние погрешни нешта кои ги сакаме. Сродните лица не секогаш располагаат со средства за да ги излечат нашите рани, но ќе ни покажат начин како да го запреме крварењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top