| четврток, 6 декември 2018 |

Тажен крај за најбрзиот на сите времиња: Јусаин Болт падна во последната трка во животот

На најтажен можен начин ја заврши кариерата најголемиот спринтер на сите времиња Јусаин Болт. Во финалето на штафетата четири пати по 100 метри на Светското првенство (СП) во атлетка во Лондон се повреди и се сруши само неколку метри откако ја прими палката во последната измена.

Тој се надеваше дека со колегите од штафетата на Јамајка на претпоследниот ден од Мундијалот ќе освои злато, но во тоа го спречи повредата. Само што ја прими палката, мораше да се откаже од трката и едвај го напушти стадионот.

Болт ја заврши кариерата со 14 светски медали од кои 11 се златни.

Сензационални победници се домаќините, атлетичарите на Велика Британија (37,47 секудни), пред Американците (37,52 секунди), а третопласирана беше јапонската штафета (38.04 секунди).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top