Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температура од 17 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежо од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне 21 степен, а дневната 38 степени.
До петок, под влијание на многу топла воздушна маса, времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. УВ индексот и натаму ќе биде 9. Промена на временската состојба се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува и засилен ветер, најпрво од југозападен, а во недела од северен правец.
Високи температури од портокалова фаза, да се почитуваат препораките
Со високи температури од портокалова фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Oд Министерството за здравство препорачуваат од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавците од Министерството им препорачуваат да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.
Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.
За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната.
На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар. Поради повисоките температури се напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната. Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk, соопштија од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст