| четврток, 6 декември 2018 |

Светлана Колариќ, нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ е партија од и за народот, членство во ЕУ и НАТО се нашите цели

Светлана Колариќ од Скопје е дипломиран доктор по ветеринарна медицина, професионалец кој својот продонес во струката го дава повеќе од 18 години. Приватно – таа е мажена, мајка на две малолетни деца. Својот пат во партијата го трасирала од Унијата на малди сили во Љубанци, преку претседател на УМС во Чаир и на Унијата на жени во Кисела Вода. Во разговорот за Република зборува за своите планови и цели во рамките на партијата, но и како професионалец чија задача е да продонесе кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, народот уште повеќе да има корист. Реална и видлива корист.

Која е Светлана Колариќ и што ќе ѝ понуди на ВМРО-ДПМНЕ?

КОЛАРИЌ: Во партијата сум од мали нозе. Во 1996 станав претседател на Унијата на малди сили во с.Љубанци, за потоа да станам претседател на УМС во Чаир. Од 2004 членувам во централната комисија за земјоделство, во 2011 станав претседател на Унијата на жени во Кисела Вода. ВМРО-ДПМНЕ е мојот втор дом во кој го препознав ликот на мојата родина, мојата историја, традиција, обичаи. Пред дваесет и пет години кога го велев ова ме прифаќаа со иронија моите врсници за сега сите да ми честитаат, пред се за вербата во себе и љубовта која ја изразувам кон Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ научив да поставам цел, да работам, да ги согледам разликите на луѓето, но притоа да сфатам дека тие не прават побогати и посамоуверени. Дваесет и пет години двојам дел од мене и моето потесно семејство пред се во хумани партиски активности бидејќи чувствувам потреба сите околу мене да бидат среќни. И ќе понудам уште повеќе, особено во опсегот на мојата професионална едукација, да создадеме уште подобри политики за кога ќе дојдеме на власт да може народот уште повеќе да има корист. Реална и видлива корист. И се разбира во промоцијата на правата на жената, на мајката, на давање уште повеќе можности за родовите политики, и за поголема улога на жената во водење на државата. И не помалку битно, во градењето на мостови помеѓу огромниот број на стари и нови членови кои секојдневно ни пристапуваат револтирани од неодговорниот однос на нашиот политички опонент, значи една квалитативна симбиоза на искуството на постарите, и енергијата на младите. Како долгогодишен член на партијата знам како да го направам тоа.

Зошто токму ВМРО-ДПМНЕ е вашиот избор?

КОЛАРИЌ: ВМРО-ДПМНЕ ја создаде обичниот, и би рекла напатен Македонец, ова е партија од и за народот, оваа партија не ја создадоа големите центри на моќ, оваа партија својот успех не го должи никому од страна. Успехот го должи само на обичниот човек, кој во последните 10 години особено препозна дека ВМРО-ДПМНЕ е силата која може да направи подобри нешта за сите граѓани. Кај нас се учи како да се биде посветен и одговорен, да знаеме кои сме, бидејќи ако не знаеме кои сме нема да знаеме каде одиме. Сретнав луѓе со визија и сон, кои макотрпно работат и веруваат во себе и во своите сопартијци. Оваа партија јасно ја покажа на дело својата цел Македонија да ја препознаат и прифатат европските земји во своето семејство. Уште во деведесетите ние бевме првата партија која смело и јасно говореше за НАТО и за Европската Унија. Обезбедивме визна либерализација, и 7 позитивни извештаи од Европската Унија. На 3 самити НАТО истакна дека сме ги исполниле сите потребни критериуи за членство. Тоа се факти кои не може да ги избрише ниту една медиумска пропаганда, и кои имаат силна вредност и важност. Партија од народот која се залага за ЕУ и НАТО, тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Што вие лично може да им понудите на македонските граѓани?

КОЛАРИЌ: Пред се нудам отворен ум и подавам рака на оној кој чесно ќе пристапи кон нашето семејство ВМРО ДПМНЕ, без притоа да уценува, омаловажува, плука и повеќе се цени од сопартиецот. Но нудам и проекти кои се важни за сите граѓани на нашата земја, бидејќи ние не правиме разлики и работиме за секој еден граѓанин. Нудам поле каде натпревар ќе бидат хумани дела, чесна работа, идеи за подобро утре, разумно решавање на проблеми и дилеми. За резултати е потребна работа, која гледаме дека отсуствува кај нашиот политички противник, и тоа го гледам како една од основните причини зошто тие набргу ќе бидат делегитимирани. Ние работиме, и тоа работиме многу. Не се плашам од ниту една задача и препрека, моја одлика е да работам и почитувам, и иако е специфичен период во ВМРО ДПМНЕ веќе се препознава една силна форма и одлична атмосфера, еден елан кој расте од ден на ден се повеќе, свесни дека имаме историска одговорност да обезбедиме нова победа за да победи Македонија. Имаме комбинација од позитивна енергија и јасна стратегија која ме убедува дека за брзо време ќе пребродиме и ќе излеземе на патот кој го зацртавме. Мојот сон се ЕУ и НАТО, ја сакам Европа и сакам да бидам дел од тоа семејство. Треба да се трудиме да ги надминеме предизвиците кои постојат кај некои во однос на нашите посебности, вредности, култура, песните, ората, различностите, јазикот. Јас сум дете кое го издржа ударот на транзиција, и нема да дозволам моите и децата на Македонија да се враќаат наназад, да немаат перспектива која знам дека политичката гаритура на власт не може да им ја обебзеди. Ќе работам за секој еден член, за секој чесен човек без разлика на вера и националност. Сакам среќна иднина за мојата земја. И тоа можеме да го оствариме, и тоа ќе го оствариме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top