| четврток, 6 декември 2018 |

Реакцијата на Метју Меконахи кога дозна за смртта на Сем Шепард (Видео)

Актерот Метју Меконахи за смртта на неговиот колега Сем Шепард дозна во текот на едно интервју на настан, на кој беше промовиран филмот „Dark Tower“ во кој тој ја игра главната улога.

На прашањето на новинарот да ја прокоментира смртта на Сем Шепард, Меконахи остана изненаден: „Сем почина? Проклетство. Од што?“.

Шепард почина во четвртокот во неговиот куќа во Кентаки од компликации настанати поради амионтрофична латерална склероза, однсоно Лу Гериговата болест, а веста за неговата смрт беше објавен во понеделникот.

Меконахи и Шепард заедно играа во филмот „Mud“.

– Изгубивме еден од најдобрите, голем човек… Одличен писател, прекрасен ум… Во ред, до следното видување Сем“, рече Меконахи во интервјуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top