Министерот за надворешни работи на Романија Теодор Мелешкану изјави дека Букурешт во врска со чувствителните прашања по Романија во кои ги вброи правата на романското малцинство ширум Србија очекува видлив напредок и наведе дека ја цени улогата која Србија ја игра кога е во прашање стабилноста на регионот.
Во интервју за Танјуг, Мелешкану изразил загриженост во врска со ситуацијата во која се наоѓа романското малцинство во Србија наведе дека Романија силно го поддржува пристапувањето на Србија кон ЕУ.
- Ние очекуваме резултати во врска со чувствителните прашања по нашата земја – правата на луѓето кои припаѓаат на романското малцинство во Србија на образование и масовни медиуми на мајчин јазик, користејќи го јазикот на малцинството – во случајот романскиот – во администрација, во склад со српското правосудство и европските стандарди на ова поле и пристапот на верската служба на мајчин јазик, рекол тој.
Мелешкану додал и дека Романија изразува полна посветеност на обновата на билатералните преговори во рамки на Заедничкиот комитет за национални малцинства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст