Зоран Заев, ти честитам. Од вчера си предавник со тапија. Со потписот на договорот за добрососедство си обезбеди трајно место на црните страници од македонската историја. Идните генерации Македонци ќе те изучуваат како предавник на својот народ. Не во учебниците по историја кои ти ќе ги изобличиш со дипломатска брусалица, туку оние кои ќе бидат отпечатени по падот на твојот режим.
Зоране, и ти си свесен дека е така. Само немаш каде да бегаш. Во тесно си. Од една страна те чека „твојот народ“, од друга тие што те наместија да бидеш премиер. Што мислиш, каде ќе поминеш полесно? Толку ли си сигурен дека пријателите од надвор ќе сакаат да те одбранат, а Зоки? Тогаш чуму онаа војска на улиците и полицискиот час? Вака не било ни 1941-ва кога бугарската војска ја окупирала Македонија. Дури и тогаш се излажале луѓе да излезат на улица да фрлаат со цвеќиња надевајќи се дека се ослободиле од едни окупатори и дека конечно дочекале нов живот. Каде е „твојот народ“ да те опсипи со цвеќиња?
Зошто бе Зоране, ако толку те сака народот, се криеш зад двојна ограда и под заштита од цело МВР со се АРМ? Аман бе, човеку, нели ти е срам што те гледа цел народ како ти излегува од гради срцето зајачко? Од што ти се тресеше раката додека се потпишуваше? Па што не го викна гувернаторот Бејли да те брани додека го потпишуваше предавството?
Не ли ти е срам да се криеш зад полицијците што ги мававте со цигли, ги плукавте, фарбавте, понижувавте? Не ли ти е срам да те бранат тие што им посакувавте смрт и „да им се деси Куманово“? Почесно ќе беше да ги викнеш тие со кои се сликаше во Диво насеље. Можевте сите заедно да направите една „фамилијарна фотографија“. Така ќе ве имаше сите на едно место. За во историја.
Зоране, разбери, нема армија што може да те спаси од сопствениот народ. Кога тогаш казната ќе те стигне. Свесен си и ти, затоа спиеш со едно око отворено и трепериш додека ставаш потпис на предавството.
Зоране, те жалам. И тебе и твоето семејство кое го жигоса за век и веков. Твоите потомци ќе се срамат од тебе ако барем малку во нив има македонски ген. Те жалам што до крајот на животот ќе мораш да се вртиш на секое довикување „предавник“ што ќе го слушнеш додека се движиш меѓу народот. Тоа ќе ти биде поздравот од „твојот народ“ – народот кој и дома се срамиш да го наречеш македонски за да не ти се налутат тие што те ставија таму, на предавничкото столче.
Зоране, многу си должен. Знаеш, нели? Милионите евра што ги заработи по системот „едно евро за вицето едно за црквата“ и продавајќи ги националните интереси нема да те раздолжат. И тоа знаеш, нели? Нема пари што ќе ти го подмират долгот кај македонскиот народ. Цената ќе ја плаќаш и на оној свет, биди сигурен. А „споменот“ за тебе нема да дозволиме да избледи или да биде избришан како на Благој Јанков-Мучето. Знаеш за кого зборувам така? За твојот сограѓанин што го даде животот за ти и твоето семејство денес да живете слободни во слободна Македонија. И него го продаде бе Зоки. До кога ќе продаваш нешто што не е твое, а Зоране? И, што кога веќе никој нема да сака да купува од тебе затоа што веќе се си продал? Што ќе правиш тогаш?
Зоране, свесен си дека деновите ти се одбројани. Затоа се плашиш. Свесен си и дека колку и да си спремен да им удоволиш на твоите газди никогаш нема да им биде доволно. И еден ден, убеден сум дека ќе биде многу скоро, кога ќе те пуштат низ вода, народот ќе биде тука да те пречека! Биди сигурен во тоа! Тогаш ќе вратиш се. Со камата.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.