| четврток, 6 декември 2018 |

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Трајно населување на десетици илјади мигранти е сериозен удар на напорите за смалување на невработеноста

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од најавената стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, од која произлегува дека владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање на државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно трајно населување со сигурност ќе предизвика сериозна дисторзија на пазарот на работна сила во земјата, и ќе ја влоши и онака тешката состојба со невработеноста која принуди многу наши граѓани да се отселат во други земји за да обезбедат работа и егзистенција.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која во време на своето владеење понуди и пружи голема помош и подршка за мигрантите кои транзитираа низ Република Македонија. Но, со вакво ниво на сиромаштија и невработеност да се прифати трајно населување на десетици илјади мигранти би било сериозен удар на сите досегашни напори за смалување на невработеноста во земјата за граѓаните на Македонија, а и самите мигранти ќе имаат сериозни потешкотии во добивањето работа и егзистенција во земја со стапка на невработеност од 22.9 отсто“, стои во соопштението испратено до медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top