| четврток, 6 декември 2018 |

Скриен виновник за дебелината: Оваа навика ги зголемува килограмите повеќе отколку јадење навечер

Тим од канадски истражувачи објави резултати од ново истражување според кое тинејџери и млади, кои почесто пијат алкохол, имаат поголема шанса да имаат вишок килограми или да бидат дебели.

Новите податоци доаѓаат од Универзитетот Ватерло во Онтарио, а биле тестирани средношколци од 89 училишта кои пополнувале анонимни анкети. Меѓу прашањата биле разни животни навики, како и оние прашања колку често пијат алкохол.

Дури 39 отсто признале дека најмалку еднаш месечно се опиваат, што вклучува најмалку пет алкохолни пијалаци на вечер, а 11 отсто одговориле дека се опиваат најмалку еднаш неделно. Алкохолот продуцира и дополнителни калории, а слатките жестоки пијалоци имаат повеќе калории.

Потоа, на основа на податоците за тоа каков точно алкохол пијат (пиво, вино, жестоки пијалоци) и што јадат, се пресметале просечните калории, односно килограми што можеле да ги добијат како вишок. На пример, тие што само еднаш неделно се опивале од вотка внесувале 57.000 калории повеќе од тие што не се опиавале. Во превод, тоа значи и 7,5 килограми повеќе.

Ова е една од првите студии, која конкретно се занимава со дебелината кај младите, а која е поврзана со алкохолот. Едно од петте американски деца и 30 отсто од канадските деца се дебели или имаат вишок килограми. Поранешните истражувања се занимавале со тоа колку додатоците и шеќерот влијаат на дебелината на децата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top