Македонскиот шампион ја диктира играта на двата краја од теренот. Одбраната е стамена и не му дозволува на Копенхаген да се организира, додека во нападот недостасува завршниот удар. Црвено-црните имаа неколку контри кои што завршуваа без директен удар кон голот, се игра главно на нафрлувања од корнер и од слободни удари. Балотели ја имаше најсериозната прилика до 42.та минута, со глава го префрли голот на гостите, а Фелипе во 45-та минута шутираше силно на десната статива, но Олсен одбрани.
Првото полувреме од првиот натпревар во третото квалификациско коло му припаѓа на Вардар, но нашиот претставник мора да притисне затоа што реваншот се игра во Данска. Поважно е да не се прими гол на оваа прва средба, но со евентуална победа мотивот и енергијата кај нашите фудбалери значително ќе пораснат пред возвратниот дуел.
Радува бројката на трибините, околу 12.000 гледачи на арената Филип 2 во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.