| четврток, 6 декември 2018 |

Со душа го чекаме – стигнува разладувањето со дожд!

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната температура од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната до 34 степени.

И в среда ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на локален дожд со грмежи. В четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура позначителен пад ќе има в четврток, кога ќе биде и најсвежо, со дневна температура од 23 до 29 степени. Од петок времето ќе се стабилизира, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top