Талат Џафери во интервју за МИА вели дека е задоволен од она што досега е направено во Парламентот и покрај последиците од настаните од 27 април, кога беше неговиот избор. Локалните избори, доколку се оди по планот, ќе ги распише на 6 август, а по овој датум годинава би можел да започне и одморот за пратениците.
„Ако вака останат работите, 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25 септември. Во тој период би ги разгледале новите предлози на Владата што ги најавува, околу 30 закони, дел од предлог-законите што се процедура од пратениците, би ги завршиле преостанагтите седници односно точки, главно извештаи на соодветни институции и тоа од прилика би била динамиката до локалните избори“, изјави Џафери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.