Политичарот Марјан Додовски денеска на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека хидросистемот за спас на Дојранско Езеро уште еднаш ја покажа својата грандиозност и одржливост. Изминативе години, пишува Додовски, со враќањето на водата во езерото, се врати и животот во Дојранско, се вратија туристите, заживеа риболовот. Економски, социјално и културолошки овој регион од Македонија се прероди.
„Хидросистемот за спас на Дојранско Езеро уште еднаш ја покажа својата грандиозност и одржливост. Изминативе години со враќањето на водата во езерото, се врати и животот во Дојранско, се вратија туристите, заживеа риболовот. Економски, социјално и културолошки овој регион од Македонија се прероди.
Деновиве со водата од хидросистемот се спасуваше и Паљурци и земјоделците од регионот. Но мора да се истакне дека хидросистемот е тој што го дава животот и не смее да се заборави и опусти. Мора одржливо и плански да се користи и одржува. Деновиве, додека се пренасочува водата во Паљурци не смее да се остави до ден денес Дојранско Езеро без капка вода дотур и каналот десетина дена да биде празен и опустен. Затоа треба да се внимава, со спасувањето на Паљурци, да не почне ново пресушување на Дојранско Езеро и да се навести нова еколошка кататрофа. Од хидросистемот има вода и за Дојранско Езеро и за Паљурци и за земјоделците, како и да се обезбедува вода за пиење на поголем дел од граѓаните од тој регион. Важно е плански да се управува водата и да се одржуваат пупмите кај Ѓавачко Поле (10 пумпи се со капацитет од по 100 литри во секунда) и пумпите кај базенот над Богданци. Затоа, треба внимателно да се чува бисерот каков што го имаме сега – Дојранско Езеро“, се вели во објавеното на „Фејсбук“ на Додовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.