Вчеравечер во 21 часот на летната сцена Сустипан во Сплит, во рамки на фестивалот Сплитско лето, настапија балетските првенци и дел од ансамблот на балетот при МОБ со претставата ЦРВЕНАТА СОБА, на музика на Франц Шуберт, кореографија на Игор Киров, а костими на Александар Ношпал и светло дизајн на Милчо Александров.
Повеќестотината публика го имаше пополнето до последно место гледалиштето на летната сцена на Сустипан, а неколку минутниот аплауз и извиците браво, беа потврда за успешната изведба.
Со оваа изведба, балетот при МОБ влезе во трка за наградата која ја доделува фестивалот, златна плакета за најдобра балетска претстава, која ја избира четри члено жири, а судејки по коментарите на публиката, токму Црвената соба е нивниот фаворит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.