| четврток, 6 декември 2018 |

Епа, чорба Македонци!

Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор. Букви сказни песнички таа ќе ти дари, итн., итн.

Стевче Јакимовски
претседател на ГРОМ,
градоначалник на Карпош

Каде брза нашево прваче? Каде брза марионетскиов премиер? Зашто на 1 август требало да го потпише договорот. Јасно е, за да на спонзорите во Подгорица на 2 Август им реферира дека „мишн дан“. Мисијата е завршена. Долгот почнал да го враќа. Како човек кој земал пари од лихвари, брза на 2-ри да врати дел од лихвата.

Кого мафта тој? Ве прашувам сите вас, што ќе го прочитате ова писание, можно ли е еден Зоран Заев само 15 дена од неговото поставување на чело на квислиншката влада да отиде во Бугарија, на цмок-цмок со Борисов и да каже, ние договорот ќе го потпишеме, се е договорено ни фали само уште едно кафе, ако веќе претходно не соработувал со бугарските разузнавачки служби. Ова јасно укажува дека во изминативе неколку години, овие служби сериозно работеле со Зоран Заев и помагале во неговото инсталирање на чело на Македонската влада. Сега се разбиструва тврдењето дека во рушењето на претходната влада беа вклучени две служби од подалеку и една комшиска. Комшиската е прва на која што Заев и се раздолжува.

Ќе поставам уште едно прашање: Кога бре луѓе официјална Софија изјавила дека ќе ги попречува евроатлантските интеграции на Македонија? Никогаш таква работа властите од Софија не кажале. Значи, измисли потенцијален непријател и решава проблем кој никогаш не ни бил проблем, ниту пак бил апострофиран од било кој странски дипломат или институција, договорот за добрососедство со Бугарија како услов за наш влез во НАТО и во ЕУ.

Пак ќе прашам: Беше ли на самитот во Букурешт 2008-та, спомнат договорот за добрососедство со Бугарија како причина зошто не не примија во НАТО, или беше проблем грчкото вето за името?
Човеков се обидува да ни ги продаде националните интереси за сопствено раздолжување. Па во времето на Тито имале право македонските функционери да го постават прашањето за Македонското национално малцинство во Бугарија. Со овој договор, веќе не смееме да помислиме тоа прашање да го поставуваме. Значи договорот ќе биде противуставен. Епа, чорба Македонци!

Си го згазивме со Пржино. Со СЈО. Газевме врз Уставот со избор на претседател на парламент, ќе газиме сега и со меѓународни договори. Ги подрашириш ли нозете, што би рекле Србите „оде воз у кукуруз“.

Барањето да се тргне од нашите учебници по историја и споменици дека Бугарската војска од `41-та до `44-та била фашистичка е директен удар врз нашата посебност. Еве зошто: Во Србија од 41 до 44 имало четници, партизани и фолцдојчери; во Босна имало четници, муслимански полиции, усташи и партизани; во Хрватска имало усташи и партизани; и во Словенија кој се не. Само ние Македонците сите до еден сме биле во партизани. На страна на антифашистичката коалиција. Како мал народ сме дале свој огромен придонес во борба против најголемото зло на 20-от век и сме на страната на победниците. Е, токму тоа не прави посебни од Бугарите. Токму тоа, токму нашата комплетна поддршка на партизаните и борбата против фашизмот покажува дека во генот сме различни од Бугарите. Тие застанале на страна на злото од `41-та до `44-та, а ние на страна на борбата против злото.

Македонците масовно ја поддржале анти-Хитлеровската коалиција, без масовни медиуми, без пропаганда од своја влада или институции, туку интуитивно и генетска потреба да се бори против злото. Факт е дека во тој момент Бугарите имале генетска потреба да застанат на страна на злото. Замислете сега, оваа наша придобивка, и оваа наша посебност и оваа наша гордост, оваа наша предност ние треба да ја анулираме и да прифатиме дека Бугарите не биле фашисти.

Ќе ја смениме ли песната за Ваташките младинци, каде што мајките пеат „Дајте ги ваму нашите деца еј вие клети фашисти“. Како ќе пееме сега „…еј вие клети лепотани“???

Почитувани, немој да имате дилема. Овие од запад да имаа нешто против Груевски, ќе го средеа исто онака како што го средија Санадер. Во три-минутна прес конференција, во која Санадер ја соопшти оставката. Тие очигледно направиле профил на политичар кој им е потребен на западњаците за да си го разрешат проблемот околу Македонија. Го анализирале Бранко, со него оваа работа немаше шанса да се заврши. Кој што сака може да каже, Бранко ваква работа немаше да поддржи. Тој е школо на Глигоров, а тој не сакаше ниту да слушне за потпишување на ваков договор. А, Груевски нема да им попушти веројатно и во следниве 100 години.

Го снимија профилот на Заев, со огромна желба за власт, потреба за реванш, а корумпиран, што значи кога ќе им треба многу лесно ќе си го тргнат. Му ја даваат поддршката, и со оваа поддршка ќе бидат задоволни 10 милиони Бугари, ќе го даде и името ќе задоволи 9 милиони Грци, на ред е признавањето на Вранишковски и ПОА ќе не поздрават 8 милиони Срби, и со неговата намера за редефинирање на државата во бинационална ќе се задоволат 5 милиони Албанци на Балканот. Значи 33-34 милиони жители на Балканот ќе тријат раце од соработката со Заев, а ќе негодувале милион и 300-400 Македонци. Тоа не е проблем, законот за големи броеви е поважен.

Западната дипломатија никогаш ниту била, ниту ќе биде фер дипломатија. Таа е ефикасна дипломатија, што наумиле да си направат, а пак ако уште во остварувањето на нивните намери им асистира некој премиер или претседател на држава, тоа оди како по лој.

Капацитетите на новиот премиер и неговата влада се гледаат од сателит, повеќе од јасно е дека речиси секое утро добива ливче на маса за тоа што треба да прави. Но, има народ кој трпи цел живот. Има народ кој не трпи никогаш, а има и народ кој трпи до одредено време.

Овој нашиов Македонски, трпи до одредено време.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top