Разликата меѓу декларацијата од 1999 г. и посакуваниот договор од бугарска страна кој евентуално би се потпишувал во 2017 г, е што декларацијата е необврзувачка, изјави поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски во Отвореното студио на ТВ Нова посветено на договорот за добрососедство со Бугарија.
-Декларацијата е необврзувачка, ние сме декларирале, сме изјавиле некакви принципи за соработка. Во овој договор има таква можност, доколку биде склучен, да имаме листа на барања кои ќе треба да ги испорачуваме во следниот период, рече Попоски.
Попоски смета дека е помал проблем самиот договор, многу поголем проблем се обврските кои ќе произлезат од тој договор.
-Доколку тој не е напишан на начин којшто ќе ни даде комоција, тоа значи дека во следниот временски период, Бугарија точно, или било која влада во Бугарија или било кој функционер во Бугарија, ќе може да ни поставува непринципиелни услови за отворање на прво поглавје, второ поглавје, трето итн., вели Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст