Треба да бидеме по внимателни, ѓаволот е токму во вакви текствови и договори. Треба да се расчистат тие дилеми. Неможеме во 2017 да оставиме некој да решава дали не има или не нема. За нас е многу важно Бугарија да биде пријател со нас. Ние можеме каков сакаме да потпишеме договор со Бугарија, но нема да ја постигнеме целта. Атина е таа која го држи клучот. Потпишувањето на договор со Бугарија кое е нивно барања треба да ги испочитуваат и нашите барања. Конечно, не треба да го губиме од вид, договорот како договор и да е потпишан последиците ќе бидат долгорочни. Не треба да направиме елиминација дека не треба да се разговара. Но мора да не испочитуваат како суверана држава и пандан. Посебна чуствителност постои во Бугарија за заедничка историја, според нив во Македонија де факто постојат Бугари кои не се освесетни. Но јас мислам дека денеска е важно дека основните човекови права гласат така да ние може да се изјаснеме како се чувствуваме. Важно е дека неможе во никој случај врз база на комисии некој да ја кажува историјата на нашиот народ. Не може Бугарија да ни диктира како се чувствуваме, каква националност сме и како да зборуваме. Бугарија го бара овој договор од нас како услов, за започнување преговори со ЕУ и НАТО, но треба да имаме во обзир дека договорот не е гаранција дека ние веднаш ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Треба да имаме согласност и од лева и од десна политичка опција. Да се постигне консензус. Сепак ова е одговорност и товар на Владата за склучување на таков вид на договор, ова вечерва го изјави поранешниот министер за надворешни работи на Македонија Никола Поповски при неговото гостување на ТВ Нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Договорот за добрососедство со Македонија доставен на ратификација во бугарското Собрание
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому