Кога се вљубуваме во еден човек, не размислуваме на тоа каков ќе биде нашиот сексуален живот. Сепак, сакале или не, тоа што се случува во спалната соба игра голема улога во тоа дали ќе имаме успешна или неуспешна врска.
Секс експертот, Трејси Кокс, сподели неколку практични совети за тоа како да го подобрите квалитетот на вашиот секс живот дури и кога големината на половиот орган на вашиот партнер ви прави проблем во уживањето.
Голем полов орган
Кога партнерот е обдарен, првиот совет е да не започнувате со секс, сè додека не сте доволно возбудени бидејќи во спротивно има големи шанси да чувствувате болка и да имате непријатна пенетрација.
Следниот начин, на кој можете да го направите сексот со голем пенис покомфорен, е со користење на лубрикант. Што се однесува до темпото, се препорачува да започнете со бавни движења кои ќе ви овозможат да се прилагодите еден на друг. Секој агол на пенетрација, предизвикува различна реакција, па затоа е пожелно и да експериментирате со позите. Најкомфорната секс поза во овој случај е секоја поза каде што жената го контролира движењето, како на пример каубојка. Во истата група се вбројуваат и сите други пози каде што не може да се изведе длабока пенетрација.
Мал полов орган
Доколку вашиот партнер поседува мал полов орган, Трејси препорачува да работите на своите вагинални мускули и тоа преку Кегелови вежби. На овој начин ќе ја истренирате вагината подобро да го стегне пенисот следниот пат кога ќе имате секс.
Наместо да се фокусирате на пенетрацијата, започнете да посветувате повеќе време на оралниот секс или пак користење на секс играчки. Идеалните пози за оваа големина на пенис се мисионерска со перница под женскиот задник и поставување на нозете на неговите рамена, како и кучешка поза
Што ако…
Има тенок пенис? – Легнете на стомак и дозволете му да пенетрира од позади, така што ќе ги стискате нозете при секоја пенетрација.
Имате висок партнер?- Имајте секс во пози кога вие сте од горе
Имате низок партнер?- Стоечките секс пози се идеални за оваа ситуација
Имате крупен и тежок партнер? – Имајте секс на столче или во било која поза каде што вие ќе доминирате врз него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст