После пеколно топлиот ден денеска во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8 Минималната температура од 11 до 20, а максималната ќе се движи од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.Температурите ќе се движат од 17 до 32 степена.
Од утре попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.