| четврток, 6 декември 2018 |

Осум работи за сексот за кои нѐ лажеле

1. Многумина мислат дека големината на пенисот на мажот може да се утврди по неговите стапала, нос или дланки. Врската помеѓу големи стапала и голем пенис има некои корени во науката. Генот по име Хокс игра значајна улога во развојот на прстите, пенисот и клиторисот. Но, се поставува прашањето доколку истиот ген го контролира растот на овие органи може ли да направи сите да бидат во иста големина?

Сега за сега не постои веродостоен доказ дека мажите со големи стапала имаат поголеми пениси. Истражувањето кое било спроведено врз 63 мажи во Канада покажало дека врската помеѓу должината на стапалата и пенисот кај мажите е мала.

Додека пак друго, малку поголемо истражување, спроведено на 104 лица не открило никаква поврзаност. Па, според овие две истражувања, од кои едното тврди дека поврзаноста е многу мала, а другото дека воопшто не постои заклучокот е – можете да гледате во стапалата на мажите колку сакате но се’ што ќе откриете е само неговиот вкус за чевли.

2. Сексот помага во губење на тежината – уште еден аргумент во кој многумина веруваат. Меѓутоа, ова важи само доколку имате секс многу долгo и со многу повеќе енергија од просечните луѓе. Инаку, сексот нема да влијае во губењето на килограми.

3. Третото популарно мислење е дека мажите размислуваат за секс на секои 7 секунди. Тоа би знаечело дека тие помислуваат на секс повеќе од 6.000 пати на ден, речиси секогаш кога ќе земат здив. Ова не само што би ги побудалело, туку би ги направило и неспособни за да завршат билокаква друга работа. Меѓутоа, вистина е дека мажите размислуваат на секс многу повеќе од жените. Речиси сите помислуваат на секс еднаш дневно или повеќе пати дневно, додека тоа го прават само 19% од жените.

4. Се чини дека ниту остригите не се афродизијаци, како што многумина веруваат. Илјадници години луѓето верувале дека одреден вид на храна или пијалок ве доведува до возбудување, а токму тука ги вбројувале остригите како најомилен афродизијак. Но ниту една студија не потврдила дека остригите ја зголемуваат сексуалната возбуда, ниту пак научниците во нив откриле билокакви посебно состојки кои би упатувале на тоа дека ја подигнуваат возбудата кај мажите и жените.

5. Се рашири и верувањето дека сексот е штетен за срцето. Речиси сите се имаме сретнато со хорор приказни за луѓе кои умреле од срцев удар за време на секс, меѓутоа шансата да добиете срцев удар за време на тој чин е навистина мала.

Мажите кои не пушат и немаат дијабетис, шансата да добијат срцев удар при секс е една наспрема милион, покажало едно истражување. Луѓето пак, кои веќе имале срцев удар трeба да бидат повнимателни кога ќе се вратат на своите секојдневни обврски и активности но не мора да се плашат и да го избегнуваат сексот.

6. Многу жени избегнуваат да конзумираат апчиња за контрацепција бидејќи мислат дека тие ги здебелуваат. Речиси сите лекарства имаат несакани ефекти, но не е точно тврдењето дека апчињата за контрацепција ќе ве здебелат. Првите апчиња за контрацепција содржеле големи количества на хормоните естроген и прогестин што понекогаш доведувало до зголемување на телесната тежина. Меѓутоа, денешните апчиња содржат многу помали количини на хормони и нема доказ дека тие се виновни за нови килограми.

7. Дали тестисите со текот на годините виснуваат? Голем број мажи мислат така. Машкиот репродуктивен тракт дефинитивно поминува низ промени со текот на годините. Како резултат на тоа тестисите се намалуваат. Ваквите намалени тестиси можеби делуваат “виснати” но тоа е само бидејќи се празни поради намаленото количество на производство на сперма.

8. Дали сексот пред спротување е лош? Многу спортисти избегнуваат да имаат секс пред некој важен натпревар бидејќи сметаат дека ќе имаат помалку енергија, концентрација или недоволно тестостерон за агресивна и силна изведба на теренот утредента.

Но, тоа што се случува во телото за време и по сексот само сугерира дека спротистите би требало да практикуваат да имаат секс ноќта пред важниот натпревар. Во едно истражување, луѓето кои имале секс ноќта пред натпревар имале поголемо ниво на тестостерон наредниот ден од оние кои немале односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top