| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Длабоките разлики со Ердоган остануваат

Германската канцеларка Ангела Меркел по Самитот Г20 во ХАмбург рече дека остануваат „длабоките разлики“ меѓу неа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тие двајца се сретнаа на почетокот на дводневната средба .
-Апсењето на наводни државни непријатели по минатогодишниот обид за преврат во Турција и спорот околу базата на НАТО се прашања која јас секако ги поставив и кои ги покажаа сериозните разидувања- додава Меркел.
А ние тие разлики не ги туривме под тепих, нагласи канцеларката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top