Новото истражување на американски научници го потврдува фактот дека сонот е важен за здравјето на целокупниот организам.
Во истражувањето учествувале повеќе од 300 жени на возраст од 17 до 26 години. Тие требале секојдневно да бележат колку спијат во период од неколку недели.
Резултатите од анализите на телата покажале, дека жените кои секојдневно спијат седум до осум часа, имаат помалку проценти масти во телото.
Научниците исто така утврдиле дека телото, барем што се однесува на спиењето, сака конзистентност.
Всушност, најмал процент масти во телото имале жените кои секоја вечер заспивале во исто време, но и кои наутро се буделе во исто време.
Помалку од 6,5 часа сон и повеќе од 8,5 часа сон е поврзано со зголемен процент масти во телото, истакнуваат научниците, чие истражување е објавено во списанието American Journal of Health Promotion.
Претходните истражувања покажаа дека неадекватното количество сон го зголемува нивото на хормоните на гладта, грелин и лептин, што ја забрзува желбата јагленохидрати, затоа што тие брзо го креваат нивото на енергијата, но не ја одржуваат високо доволно долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.