| четврток, 6 декември 2018 |

Ни Трамп ни Путин не привлекоа толку внимание како ова момче-тој беше ѕвезда на Г20

Додека сите светски лидери на најмоќните 20 земји на светот разговарале на самитот Г20 во Хамбург во Германија, вниманието на јавноста била насочена на едно синокосо момче, кое се чини било главна ѕвезда на оваа манифестација.

Во прашање е Хадриен, син на канадскиот премиер Џастин Трудо,  кого го фотографирале како со мајка му Софи иде на возење со брод за време на првиот ден на самитот.

Сите присутни ги освои со својата непосредност, додека за неговите синокоси локни постојано се зборувало.

Она што ја надополнило севкупната слика е и акредитацијата која ова момче ја носело околу вратот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top