| четврток, 6 декември 2018 |

Болката има рок на траење 24 часа-Бранислава е сламката за спас на Лукас!

Аца Лукас е толку заљубен во својата нова девојка Бранислава Пашајлија, што само го чека денот кога двајцата ќе се разведат од поранешните партнери  како би можеле да ја официјализираат својата врска. Очигледно болката и љубовта кај Лукас има краток рок на траење, штом веднаш откако објави дека ќе се разведе од Соња, си фати нова девојка со која планира брак. Имено Лукас се наоѓа на насловните страници на две последователни изданија на српоскиот магазин Стори. На едната е со Соња каде вели дека ќе го спасува бракот, а веќе во наредното издание на истиот магазин тој е фотографиран со новата девојка, каде што вели дека ќе се жени.

И додека го чека денот на женидбата, него го очекува лута борба со сопругата Соња, бидејќи допрва би требало да се разведат и на хартија.

 

Меѓутоа додека таа војна не започне тој ужива во љубовта со бринетата од Лозница, која и самата се уште е во брак.Тој се носи со мислата со новата избраничка да застане на лудиот камен.

-Приватниот живот на Аца се распаѓа и единствена сламка за спас му е Бранислава. Тие се во ист проблем. Тој се разведува од Соња, а Бранислава од сопругот Жељко, но не им е грижа за тоа и се обожуваат. Лукас воопшто не се шегува со неа. Таа му ја врати насмевката на лицето и тој сериозно планира женидба. Иако неговите пријатели се малку затекнати од таа информација, неговата среќа им е најважна, па го подржуват во се. Тие заедно престојуваат во Белград, а наскоро ќе почнат заедно да живеат. Инаку решени се да се земат и одлучија претходните промашувања да не ги поколебаат во нивната намера- велат извори за српски Блиц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top