| четврток, 6 декември 2018 |

Драма среде град: На директорот на банка се обиделе да му украдат ауди во кое му биле децата

Пред сараевскиот хотел „Holiday“, според Avaz.ba, викендов се одвивала вистинска драма, кога непознато лице се обидело да украде автомобил Audi A6, а кој бил сопственост на генералниот директор на една банка. Имено директорот паркирал пред хотелот и според изјавите на очевидците излегол од автомобилот да земе нешто од багажникот. Автомобилот во кој биле двете деца останал запален. Во тој момент непознат маж седнал на возачкото место притиснал на гас и се обидел да го украде возилото.

Директорот знаејќи дека децата му се во автомобилот скокнал на возилото кое се движело. Крадецот возел неколку метри, а најверојатно кога ги забележал децата го сопрел возилото и побегнал во непознат правец. Сопственикот на возилото целиот бил крвав, но среќен што ги спасил децата.

– Најверојатно некој го следел сопственикот на автомобилот со намера да го украде и кога овој се паркирал крадецот влегол во возилото. Крадецот или групата веројатно не знаеле дека има и деца во автомобилот, вели извор упатен во истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top