| четврток, 6 декември 2018 |

Полиција, нуркачи и итна помош: Се трага по давеник во Охридско езеро

По младо момче од Тетово од денеска претпладне се трага во водите на Охридското езеро кај т.н. Машка плажа, потврдија од МВР.

Полицијата и нуркачки тимови сè уште не го нашле неговото тело и потрагата трае.

Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата информираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, но повеќе не се појавило на површината. Настанот се случил на 400 метри од брегот. Во тој дел езерото е длабоко со темно дно, коментираат од спасувачките тимови. Во моментов неколку лица го пребаруваат дното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top