| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово плаче по починатото девојче Теодора

teodora-cvetkovska

Со тага и неверување, кумановци ја примија веста за смртта на петнаесетгодишната Теодора Цветковска, која синоќа им подлегна на повредите задобиени во сообраќајната несреќа пред три дена, јавува „Кумановоњуз“.

Трагедијата во семејството Цветковски и загубениот млад и невин живот ги потресе граѓаните, кои на социјалните мрежи го искажуваат револтот кон несовесниот возачи и побараа поголема безбедност во сообраќајот за нашите деца.

-Теодора ја загуби битката и повеќе не е со нас. Почина мојата внука Дори, невино и младо дете со многу неисполнети сништа. Тажно и страшно! Нека почива во мир. Упатувам порака до сите кумановски фраери што не знаат да возат, нека ги остават скапите возила дома за да не гинат невини суштества – гласи една од многуте пораки на „Фејсбук“.

Двете девојчиња беа прегазени кога во нив удри автомобил „рено“, кој чекал да помине на семфорот, а во него удрил БМВ управувано од Б.М.(25), кој поради неприспособена брзина не успејал да запре на крстосницата. Истражен судија од Кумановскиот суд на Б.М. му одреди притвор од 30 дена, а ќе одговара за крвично дело сообраќајка со смртни последици.

Граѓаните поведоа иницијатива за поставување лежечки полицајци на булеварот и за реконструкција на „црната“ раскрсница, која ја сметаат за главен виновник и предлагаат нејзино преуредување во кружен тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top