| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се спрема за свадба: Ирачите и легендите на Барселона стигнаа во Росарио

Свадбата на Лионел Меси ќе биде главна тема во Аргентина во наредните неколку дена, а неговите соиграчи, од клубот и од репрезентацијата, како и неколку легенди на Барселона, веќе се во Росарио каде ќе се одржи свечениот чин.

Меси ги поканил поголемиот дел од колегите од Барселона, но како што може да се види на фотографиите, не ги заборавил ни поранешните соиграчи со кои ја делеше соблекувалната на „Камп Ноу“. Тоа може да се забележи и од фотографијата која ја сподели Чави Хернандез на социјалните мрежи, на која се гледа дека освен него гости ќе бидат и Ето, Пујол, како и Фабрегас, иако повеќе не се дел од Барса.

Во третиот по големина град во Аргентина веќе пристигнале Нејмар и Луис Суарез, а иако се шпекулираше дека нема да биде поканет, на прославата ќе присутствави и Пике со сопругата Шакира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top