| четврток, 6 декември 2018 |

Цуцуловски: Оваа власт ќе се дрзне да го промени името, но тоа нема да нè внесе во НАТО

Професорот Љубомир Цуцуловски, кој вечерва гостуваше во емисијата „Ѕид“ на ТВ Алфа стравува дека оваа власт ќе си дозволи да го промени уставното име.

Досегашните потези од месец дена и повеќе, колку што се на веќе на власт, одат во таа насока или во прилог на моето тврдење дека оваа власт ќе се дрзне такво нешто да направи. Меѓутоа, со промената на името, јас не верувам дека ние ќе бидеме примени во НАТО, ниту пак сакам да бидеме примени во НАТО, истакна Цуцуловски.

Според него, тоа е уште една замка. Променете го името, вели Цуцуловски, ќе бидете примени во НАТО, а НАТО е чекор кон Европската Унија.

Тој додава дека такво нешто не е можно бидејќи НАТО ја има Македонија како свој сојузник, а ЕУ самата почнува да се редефинира со излегувањето на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top