| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија да се подготви за екстремно топол бран

Од четврток, 29 јуни па се до крајот на неделава територијата на Македонија ќе биде зафатена од екстремно топол и сув воздушен бран кој ќе предизвика многу голем пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 35°C, објави „Метеомакс“.

Температурите ќе се движат од 34 до 43 степени, додека во централнит еи во југоисточните предели не се исклучува можноста температурите да се искачат до околу 45°C.

УВ индексот ќе има екстремна вредност и ќе изнесува од 10 до 11.

Нагла промена на времето и голем пад на температурите ќе има од понеделник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top