| четврток, 6 декември 2018 |

„Мерцедес“ излетал кај Табановце: Патничката се бори за живот (видео)

На автопатот Куманово – Табановце, поточно пред клучката за исклучување кон Крива Паланка утринава се случи тешка сообраќајна несреќа. Кумановски Муабети пишува дека куче ненадејно излетало на патот, при што возачот на возилото со марка „Мерцедес“ сакајќи да го избегне, излетал од патот и удрил во банкина.

На лице место се најдоа екипите на мобилните тимови на Црвен Крст на Град Скопје кои укажаа помош се додека не пристигна екипа на Итна медицинска помош од Куманово.

Возачот останал неповреден, додека неговата сопатничка која била на задното седиште се здобила со тешки телесни повреди и со екипите на Брза помош беше пренесена во кумановската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top