| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Швајцарија: Стумичанец си ја уби поранешната сопруга (Фото)

Крвава драма утрово се случи во центарот на швајцарскиот град Аскона кога разводот на македонски брачен пар завршил фатално. 54 годишен струмичанец ја убил својата 38 годишна поранешна сопруга, по што се обидел да се самоубие, пишува Струмица денес.

Швајцарските медиуми пишуваат како се случил немилиот настан и што раскажуваат очевидците. Двете тела од кои едното безживотно ги нашле на еден возен парк во Аскона. Настанот се случил пред 9 часот.

-Бев во киоскот кога одеднаш слушнав викање, па околу 4-5 истрели, 20 секунди подоцна уште толку истрели едно по друго – раскажува еден видно потресен очевидец. Тој додава дека отишол веднаш да помогне, но испаничени граѓани го предупредиле да се тргне настрана.

Видел како телото на мажот лежело над телото на веќе мртвата жена, иако очевидците мислеле дека е мртов тој се помрднал се придвижил неколку чекори напред и повторно паднал при што била повикана полиција. Полицијата потврдила дека се работи за македонски државјани кои живееле во Лукарно но биле разведени.

Кај жената е констатирана смрт, а мажот во критична состојба со хеликоптер префрлен во болница. Безбедносните камери од локалните продавници снимиле како мажот ја влечел за рака жената и насила ја довел на паркингот каде по кратка расправија извадил пиштол и ја застрелал, а потоа пукал во себе.

Според пишувањата на Струмица денес мажот е по потекло од Старо Коњарево додека поранешната сопруга која ја убил е од село Пиперево.

Фото: Струмица денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top