100 посто не си одам од Металург – вели голманот на ракометниот клуб Металург, Дарко Станиќ.
Тој за „Република“ изјави дека по поразот кој не го очекувале имало одредено поместување на работите во Клубот, но сепак, Клубот продолжува да функционира како и досега.
– Ова беше пораз кој не го очекувавме. Имавме една успешна сезона во Лигата на шампиони, најуспешна сезона во историјата на македонскиот ракомет и очекував дека ќе ја земе титулата и ќе продолжиме со добра игра во нова сезона во оваа Лига. Но многу играчи ни беа повредени, бевме истоштени,бевме во лоша позиција. За разлика од нас, Вардар немаше тешка сезона и паметно ја дочека својата шанса, паметно ја искористи цела ситуација, зема се на своја страна. Како во се во животот и во спортот има изненадувања. Едноставно Вардар не е наивен тим и знаеше тоа да го искористи. Се случуваше тоа што се случуваше на теренот, а во чиј интерес беше сето тоа не би зборувал. Веројатно на сите им е јасно, не е мое да коментирам. Сите го видоа и судењето и организацијата…-вели Станиќ и додава:.
Поразот и се она што се случуваше не потресе, но полека излегуваме од ситуацијата, сите имаме договори, проектот со Металург е на долги стази и нашиот сопственик нема намера нешто да менува. Ова е година за регенерирање, опоравување на повредените, организирање. Пред нас се големи натпревари, иако не се во Лига на шампиони. Пред нас сѐ денови, месеци, да видиме како што, во овој период да ги полижеме раните и мора да продолжиме понатаму. Се надевам Вардар ќе ја претстави Македонија во ЛШ достојно, како што тоа го направи Металург
Станиќ заминува со српската репрезентација, по што оди во Црна Гора. Вели, две години немал одмор, кој му е повеќе од потребен. Потоа се враќа во Македонија, повторно во дресот на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


